А1 Базен - Надминување на проблемот со дефектот

Почитувани корисници,

Во изминатите денови наш приоритет беше надминување на проблемот со дефектот во А1 Базенот. Благодарение на сите чинители кои придонесоа во решавањето на проблемот, истиот е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи.

Спортскиот Центар Борис Трајковски уште еднаш покажа и докажа дека е единствен спортски храм кој работи за доброто на спортот и спортските работници.

Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25.5 степени, која очекуваме дека ќе биде во пораст во наредните денови .

Секој пливачки клуб да направи проценка за почеток на тренинзите, а наша препорака за клубовите кои работат пливачка школа е да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година (понеделник) кога и очекуваме температурата на вода да биде повисока.

Ви благодариме на разбирањето.

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ


Печати