Осумнаесет години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Денеска се навршуваат осумнаесет години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионската несреќа која се случи на 26.02.2004 година во Ротмиље во близина на Мостар. По тој повод делегација предводена од директорот на СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ, Филип Даскаловски и дел од администрацијата, во знак на почит положија свежо цвеќе пред спомен обележјето кое се наоѓа пред спортскиот центар.

Нека е вечен споменот.

СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

01

02


Печати