Правила на однесување (Фитнес центар)

2.2.2 ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (ФИТНЕС ЦЕНТАР)

Член 5

Посетителите на Фитнес центарот се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Фитнес центарот во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Фитнес центарот доколку уредно имаат платено карта (чланарина) за истиот.

3.По уплаќањето на чланарина, членовите на Фитнес центарот добиваат членска карта за која самите усно даваат лични податоци и доставуваат своја слика за идентификација која се закачува на истата и  се должни истата да ја покажуваат на вработените при влез во Спортскиот Центар пред почетокот на вежбањето.

4.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.

5. Услугите на Фитнес центарот не смеат да ги користат лица помали од 10 (десет) години без надзор на спортските тренери на спортските клубови кои имаат склучено договори за користење на Фитнес Центарот.

6. Услугите на Фитнес центарот не смеат да ги користат лица помали од 15 (петнаесет) години без надзор на овластено лице на средни училишта, акредитирани факултети и универзитети кои имаат склучено договори за користење на Фитнес Центарот.

*Спортските друштва, спортските клубови, правните лица, училиштата, акредитираните факултети и универзитети со потпишување на договорот за користење на Фитнес центарот задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на спортско-рекреативните активности.

*Изјавата е составен дел на овој Правилник

7.Услугите на Фитнес центарот не смеат да ги користат лица помали од 15 (петнаесет) години.

*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.

8.Лицата кои се на возраст од 15 (петнаесет) до 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на малолетните лица.

*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.

9.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ја користат спортската опрема во Фитнес центарот, во спротивно секој посетител на Фитнес Центарот ја користи истата на своја сопствена одговорност.

10.Пред започнување со спортско-рекреативните активности секој посетител е должен да се обрати на фитнес инструкторите во Фитнес центарот, за да им се дадат инструкции за користење на опремата.

11.Услугите во Фитнес центарот може да се користат само во соодветна опрема и чисти патики.

Забрането е вежбање без маица, во маица без ракави, во кондури, сандали или деловна облека која не соодејствува со спортска култура.

12.Задолжително е користење на пешкир за лична употреба кој секој посетител го задолжува од фитнес инструкторот  при влез во Фитнес Центарот.

13.Секој посетител по завршувањето на користењето на секоја справа е должен истата да ја остави во чиста и уредна состојба (без траги од потење) во спротивно  истиот од страна на фитнес инструкторот  ќе биде задолжен да ја врати во чиста состојба во каква и што ја затекнал и започнал својата спортска активност.

14.Во Фитнес центарот е забрането:

  • секое однесување кое го попречува вежбањето во истиот и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

*Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во Фитнес центарот ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.

*На секое лице  кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник,  нема да му биде овозможено влез во Фитнес центарот.

15.Посетителите на Фитнес центарот се должни после секое вежбање да ги вратат спортските реквизити на своето место.

16.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.

17.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

18.Забрането е користење на услугите на Фитнес центарот во алкохолизирана состојба.

19.Посетителите на Фитнес центарот за оставање на личните работи задолжително треба да ги користат шкафчињата за таа намена во спротивно за сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни.За време на користењето на шкафчињата, клучот од истите е во владение на корисникот.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

20.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на  спортската опрема  ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје  нема да биде одговорно за истата.

21.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортската опрема е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Друштвото  заради заштита од несакани последици.

22.Посетителите се должни  да побараат помош  од вработените во Фитнес центарот при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).

23.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на Фитнес центарот во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

*Сите овие правила се објавени на видно место на ѕидот во Фитнес центарот.

Член 6

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).