Скопје, 24.11.2016
Потпишан Меморандум за соработка за Проектот ,,СИТЕ ВО КАЈАК''
Најтрофејниот кајакарски клуб во Република Македонија “ИЛИНДЕН 90”од Скопје како носител на Проектотпо примерот на европските центри, а на задоволство на сите посетители на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ, со цел промовирање на континуирано и успешно функционирање и развој на кајакарството, потпиша Меморандум за соработка со управителот на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје – М-р Златко Перински за периодот од Ноември 2016 до Март 2017 година.
Проектот ,,СИТЕ ВО КАЈАК'' на Кајак кану клубот за мирни и диви води “ИЛИНДЕН 90” Скопје ќе се реализира во Малиот базен кој се наоѓа во “Vip Базенот” во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје.
Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопјеовозможува бесплатна посета и запознавање со кајакарството како спорт на сите корисници на услугите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје со пријавување за бесплатен час по кајак изведен од страна на Кајак кану клубот ИЛИНДЕН 90 од Скопје.
Часовите ќе ги водат меѓународно верификувани тренери предводени од Олимпиецот Атанас Николовски со обезбедена најсовремена опрема, кајаци и весли од Кајак кану клубот “ИЛИНДЕН 90” од Скопје секој Петок од 22.30 до 23.30 часот и секојаНеделаод 07.30 до 08.30 часот.
На часовите пријавените ќе можат да се запознаат со кајакарската опрема, основната техника за влез, возење и излегување од кајак.
Со почит,
СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ