Спортскиот центар Борис Трајковски ќе продолжи да го слави своето име со победи!

Скопје(26.02.2015) 

Единаесет години по трагичната несреќа во која го загуби својот живот, Претседателот Борис Трајковски сеуште претставува инспирација – личност на која со гордост се сеќаваме и чие дело го славиме. Во негова чест, пред најголемиот спортски комплекс во државата кој воедно го носи неговото име, беше поставено спомен цвеќе во чест на неговиот живот и дело.

Пред споменикот на Претседателот Трајковски на платото пред СЦ Борис Трајковски, покрај Директорот Златко Перински, почит оддадоа и Претседателот на Советот на Општина Карпош, г-дин Сашо Лазаревски, Директорот на Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески, претставници на РК Металург, претставници на Спортското радио, претставник на Фондацијата „Борис Трајковски”, како и Претседателот на Сојуз на спортови на Македонија, г-дин Борче Боев.

Како што нагласи и Директорот на СЦ Борис Трајковски, г-дин Златко Перински, 26-ти февруари е ден исполнет со тага, но и гордост. Тага, бидејќи Република Македонија, пред 11 години, загуби човек со врвни професионални и морални вредности. Но и гордост, бидејќи неговото имеживее и претставува симбол за институција која на Македонија и македонскиот народ донесе многу радост, и ќе продолжи да биде место на големи спортски победи на македонски спортисти, тимови и репрезентации. 


Печати