Спортска недела во СЦ Борис Трајковски

Спортска недела во СЦ Борис Трајковски – со хокеј, пливачки и ватерполо турнир ќе се прослави празникот 13-ти ноември!

„На наше огромно задоволство, и оваа година СЦ Борис Трајковски ќе биде дел од прославата на 13-ти ноември со натпреварувања во неколку области.  Пливачкиот турнир ќе биде од меѓународен карактер, и на него се очекува број од околу 250 натпреварувачи од различни држави. Меѓународен карактер ќе има и турнирот во хокеј, на кој ќе учествуваат тимови од Грција, Бугарија и Србија. Конечно, во програмата е вклучен и ватерполо турнир, кој ќе биде во организација на Пливачкиот клуб „Бета”. Идејата е 13-ти ноември, повторно биде убав повод за спортски активности од меѓународен карактер, преку кои се афирмира спортот и спортското живеење, изјави Златко Перински, Директор на СЦ Борис Трајковски. ”

Скопје(07.11.2014)Ослободувањето на Скопје, и оваа година ќе биде прославено со спортски активности, кои веќе традиционално се одржуваат во СЦ Борис Трајковски. Под покровителство на центарот, заедно со помагателството од Град Скопје и Општина Карпош, СЦ Борис Трајковски ќе биде домаќин на традиционалниот турнир во ватерполо, Интернационалниот пливачки натпревар и турнир во хокеј.

„На наше огромно задоволство, и оваа година СЦ Борис Трајковски ќе биде дел од прославата на 13-ти ноември со натпреварувања во неколку области.  Пливачкиот турнир ќе биде од меѓународен карактер, и на него се очекува број од околу 250 натпреварувачи од различни држави. Меѓународен карактер ќе има и турнирот во хокеј, на кој ќе учествуваат тимови од Грција, Бугарија и Србија. Конечно, во програмата е вклучен и ватерполо турнир, кој ќе биде во организација на Пливачкиот клуб „Бета”. Идејата е 13-ти ноември, повторно биде убав повод за спортски активности од меѓународен карактер, преку кои се афирмира спортот и спортското живеење”, изјави Златко Перински, Директор на СЦ Борис Трајковски.

Како помагатели на неделата на спорт, со која ќе биде одбележан празникот 13-ти ноември во СЦ Борис Трајковски, ни претставува чест што ќе овозможиме на спортистите, но и граѓаните вистинско спортско уживање. Меѓународниот карактер на турнир натпреварите само дополнително го засилува впечатокот дека на овој начин, и со организација на ваков тип активности, се работи единствено во насока на промоција на спортот, и спортскиот живот во целина. Oпштина Карпош е секогаш вклучена во активности кои го промовирааат спортот и спортскиот начин на живот. Наш приоритет се здравјето и здравите животни навики, кои спортот несомнено ги промовира”, порача Сашо Лазаревски, Претседател на Совет на Општина Карпош, која воедно заедно со Градот Скопје е помагател на овие спортски денови.

Пливачкиот турнир ќе се оддржи на 8-ми и 9-ти ноември, и истиот ќе биде од меѓународен карактер. Втора година по ред, овој меѓународен пливачки митинг во организација на ПК „Бета”, ќе биде домаќин на 250 натпреварувачи и четири возрасни категории.

Традиционалниот турнир во хокеј пак, ќе се оддржи на 15-ти и 16-ти ноември, а на него ќе настапат тимовите на Ираклис (Грција), Црвена Sвезда (Србија), Спартак (Србија) и тимот на Металург, кој воедно е и домаќин на настанот.  Термините на натпреварите се Сабота (09:00 – Спартак – Црвена Sвезда; 11:00 – Ираклис – Металург) и Недела (09:00 – Натпревар за трето место; 11:00 – Финален натпревар).

Во состав на неделата на спортот во чест на празникот 13-ти ноември, од 6-ти до 8-ми ќе се одржи и традиционалниот „Златен Гонг”, на 11-ти е предвидено одржување на турнир во пинг понг, за, а на 12-ти ноември е предвидено одржување на кугларскиот турнир.

Деновите на спорт во СЦ Борис Трајковски ќе завршат на 16-ти ноември, со традиционалниот турнир во хокеј. 


Печати