На ден 14.12.2019 година се спроведе голема акција за чистење под мотото #ЧистимеСоНеБидиЃубре, на која се приклучи и Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.
Во акцијата за чистење учествуваа повеќе од 40.000 вработени од јавниот сектор, а истата се одвиваше на 20 локации во Скопје и тоа: езерцето Треска во Сарај, Аквадуктот, СЦ „Борис Трајковски“, Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден“, Јужен булевар, „Бихаќка“, Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо“, Железничката и автобуската станица, улица „Џон Кенеди“, кај Собранието, цела улица „Македонија“, МКЦ и МТВ, касарната „Гоце Делчев“, улица „Ферид Бајрам“, улица „Александар Урдаревски“, Европската очна болница, улица „Индустриска“ во Гази Баба и целиот кеј на реката Вардар.