Изминатиот викенд, Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ беше центар на случувањата во градот и државата. Рекордна посетеност на повеќе настани кои што се одржуваа истовремено на различни локации во комплексот.
На А1 Базенот се одржа Зимското национално првенство во пливање, a на А1 Лизгалиштето се одржа седмиот по ред меѓународен турнир во хокеј "Skopje Ice Festival" на кој учестуваа екипи од Романија, Македонија и еден интернационален тим.
Во А1 Малата сала се одржа карате турнирот " Трофеј на Македонија" 2019, додека во А1 Кугланата кугларите се натпреваруваа на 25-от меморијален турнир во куглање "Гаврило Гаврилски".
Во А1 Арената пак политичката партија СДСМ ја одржа својата “Граѓанска трибина”.
Покрај овие настани, во саботата беше одржана и големата еко акција за чиста околина. Спортскиот Центар беше една од локациите каде што вработените во јавната администрација и службениците во Град Скопје, ја спроведоа акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација “Не биди ѓубре”.
Во очекување на уште многу вакви исполнети викенди!
Ваш,
Спорти Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ